Норвешка во вториот дел го скрши отпорот на Србија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Норвешка славеше на натпреварот против Србија со резултат 32:27 во првата средба од групата 1 во рамките од главната фаза на Европското првенство во Хрватска.

Норвежаните до победата стигнаа благодарение на одличната игра во второто полувреме откако Србија добро се држеше цели 35 минути.

Србите немаа решение за расположените Сагосен и Бјорнсен кои во вториот дел ја донесоа очекуваната победа за скандинавската земја. Токму овие двајца со по осум погодоци беа најпрецизни кај Норвешка, додека Жарко Шешум кај Србија заврши со пет голови.

Со овој пораз Србија ги изгуби сите шанси за пласман во полуфиналето на континенталниот собир.