Официјално: Николов нов фудбалер на Видеотон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше веќе неколку денови денес доби и официјална потврда, македонскиот репрезентативец Бобан Николов е нов член на унгарскиот гигант Видеотон.

Николов е третиот фудбалер кој пристигна во унгарскиот тим во зимскиот преоден рок по трансферите на Тујвел и Хушти.

„Пресреќен сум што потпишав за Видеотон. Сакам да биде јасно дека пристигнав овде со цел да ја освоиме шампионската титула.  Една од главните причини за одлуката која ја донесов беше одличниот проект кој ми беше презентиран и кој беше доста атрактивен за мене“– коментираше Николов по неговата презентација.

Спортскиот директор на Видеотон, Золтан Ковач истакна дека го следеле Николов подолго време и дека сметаат дека има капацитет да напредува во кариерата но и со неговото искуство да помогне на тимот.