Официјално: Горецка нов фудбалер на Баерн Минехн


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен официјално потпиша со играчот на Шалке, Леон Горецка. 22 годишниот германски интернационалец чиј договор со Шалке истекува на 30 јуни 2018 со „Баварците“ потпиша четиригодишен договор.

Договорот ќе биде со важност од 1 јули 2018 до 30 јуни 2022 година откако Горецка ги помина неопхондите лекарски прегледи во Минхен.

„Задоволни сме што Леон Горецка, голем германски потенцијал се одлучи кариерата да ја продолжи во Баерн и покрај интересот од силни интернационални екипи“ –коментираше Карл Хајнц Румениге.

За Горецка интерес имаше од Ливерпул, Арсенал и Јувентус, а во последно се споменуваше дека и Реал Мадрид е заинтересиран за него.