Венгер сакаше уште еден фудбалер, а Мурињо му кажа да бара на друго место!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Арсенал се активни во јануарскиот преоден рок, а веќе некое време водат заеднички преговори. Најпрво за трансферот на Санчез и Михтаријан, а сега очигледно и за Лук Шо.

„Сан“ пишува дека во Манчестер пристигнала понуда од „топчиите“ за левиот бек Лук Шо, но Мурињо одбил да го пушти својот фудбалер во ривалот од северен Лондон.

Јунајтед не сака да се ослободи од 22-годишниот дефанзивец на кој Мурињо му подготвува нов договор во лето, иако се очекува Арсенал да испрати нова понуда во блиска иднина.

Шо во Јунајтед пристигна пред три години како големо засилување од Саутемптон, но не ги оправда очекувањата поради проблемите со повреди.