Батсуаи го кочи трансферот, но блиску е потписот на ѕвездата на Рома!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По само шест месеци Челси ќе купи нов напаѓач откако претходно го донесоа Алваро Мората, а по се изгледа дека изборот падна на Един Џеко од Рома.

Мората минатото лето пристигна од Реал Мадрид и ја започна одлично сезоната, но во моментов се наоѓа во лоша форма и поради тоа Конте мора да најде решение.

Па поради тоа Челси започна преговори со Рома за поранешниот фудбалер на Сити. „Сините“ прво понудија 50 милиони евра за Џеко и неговиот соиграч Емерсон, но Рома потоа бараше 10 милиони евра повеќе.

Челси сака во договорот да го вклучи и Батсуаи, но Рома не е сигурна дека го посакува во своите редови.

По се изгледа дека остануваат само некои детали да се завршат, а Џеко најдоцна во вторник ќе потпише договор со Челси.