Насри се враќа во Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека поранешниот член на Арсенал и Манчестер Сити, Самир Насри е пред враќање во Премиер лигата.

Наводно интерес за него пројавил Дејвид Мојс кој сака да го види играчот од средниот ред во своите редови. Според пишувањата на медиумите на Островот, агентите на Насри му се нуделе на Вест Хем, а од таборот на „Чеканите“ се согласиле да ја разгледаат можноста да го донесат повремениот француски репрезентативец.

Насри се пресели во Анталијаспор ова лето од редовите на Манчестер Сити но не се снајде баш најдобро во турскиот фудбал. Минатата сезона играчот од средниот ред ја помина на позајмица во редовите на Севилја каде прикажуваше солидни партии.