Работнички со победа ги стартуваше подготовките


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Работнички со високи 3:0 славеше во првиот контролен натпревар оваа зима против второлигашот од Велес, Борец.

Тренерот на „романтичарите“ им даде шанса за настап на сите фудбалери кои ги имаше на располагање.

Првиот гол го постигна новото засилување Никола Шаркоски, а на 2:0 зголеми младиот Бојан Миовски. Конечниот резултат го постави Марио Станковски во второто полувреме.

Работнички утре заминува на подготовки во турска Анталија каде шефот на стручниот штаб Горан Станковски ќе поведе 22 фудбалери.