Стариџ одбра нов клуб, на потег сега е Ливерпул!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Даниел Стариџ сака да го напушти Ливерпул, но тоа нема да оди лесно, иако Англичанецот знае каде сака да игра.

Англичанецот сака да се пресели во Севиља, а имаше понуди од Интер, но и Милан, а Ливерпул бара 30 милиони евра за англискиот репрезентативец.

Монтела го сакаше Батсуаи, но со него ситуацијата се искомплицира, па сега прашање на време останува дали Севиља може да плати 30 милиони евра на крајот на сезоната за Стариџ.

Стариџ верува дека шпанскиот фудбал му одговара, дека ќе добие шанса, а со своите голови може да си обезбеди место во репрезентацијата на Англија. Одлуката е на Ливерпул, а наскоро ќе видиме што ќе се случи.