Што зборуваше Фергусон за Санчез во 2010 година?


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Алексис Санчез наскоро ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед откако договори трансфер од Арсенал со кој одби да ја продолжи соработката.

Санчез во наредните часови ќе пристигне во Манчестер, а претходно овој поранешен фудбалер на Удинезе и Барселона исто така беше мета на „ѓаволите“, односно на Фергусон.

„Го гледавме Санчез и тој не импресионираше, како и некои други фудбалери од Чиле. Имаше неколку добри натпревари и беше интересен. Собиравме некои информации“, изјави Фергусон.

Санчез тогаш премина во Удинезе, а набрзо потоа стана играч на Барселона.