Нашиот капитен не се предава: Ќе ги чекам резултатите од дополнителните прегледи…

0

По дебаклот кој и се случи на Македонија од Шпанија и поразот од 11 поени разлика, нови главоболки ни создаде повредата на нашиот капитен Кирил Лазаров.

Тој беше на прегледи и по нив изјави:

„Останувам тука и чекам да одам на дополнителни прегледи, а потоа ќе знаеме што ќе се случува“, изјави тој.

Македонија наредниот натпревар го игра против Чешка во 20:30 во вторник.

Share.