Сити го носи новиот Јаја Туре на „Етихад“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ Манчестер Сити подготвува понуда за 18 годишниот играч на Лил, Бубакари Сумаре.

Од Манчестер Сити ги следеле настапите на талентираниот фудбалер подолг период, а официјални претставници имало и на натпреварот кој Лил го играше против Рен минатата недела.

Лил го проценува Французинот на 35 милиони фунти, сума која наводно „граѓаните“ се подготвени да ја платат.  „Скај Спортс“ пренесува дека од Манчестер Сити планираат да го официјализираат трансферот овој месец и потоа да го остават Сумаре уште шест месеци во Лил.

Бубакари Сумаре е еден од најголемите француски таленти и многумина го споредуваат со членот на Манчестер Сити, Јаја Туре.