Има македонски корени, летоска играше во Струмица а сега ќе носи дрес на Премиерлигаш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристал Палас денеска го потврди трансферот на репрезентативецот на Шведска, Ердал Ракип.

21 годишниот фудбалер ќе игра на „Селхрст парк“ во наредните шест месеци како позајмен играч од редовите на Бенфика која го купи од Малме пред само две недели.

Интересно за Ракип е што тој има македонски корени. Семејството на Ердал Ракип по националност се Турци од Македонија, а во изјава за шведските медиуми фудбалерот јавно призна дека имал контакти со ФФМ околу негов можен настап за нашата репрезентација.

„Тие постојано ме контактираат, ми пишуваат и ми ѕвонат. Но најважното нешто во овој момент за мене е Малме. За националниот тим ќе размислам кога за тоа ќе дојде време. Драго ми е што ме посакуваат. Никогаш не сум рекол да или не на некого, засега сите врати остануваат отворени“- коментираше Ракип пред средбата на Малме со Вардар во рамките од квалификациите на Лигата на шампионите.

Ракип одигра 27 минути на натпреварот кој Вардар со 3:1 го доби во Струмица и по кој успеа да се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.