Готово е: Алексис во Манчестер Јунајтед, Микитаријан во Арсенал (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Арсенал конечно ги потврдија трансферите на Алексис Санчез и Хенрик Микитаријан во своите тимови.

Манчестер Јунајтед на доста оригинален начин го претстави чилеанскиот репрезентативец кој ја свиреше химната на клубот и победнички влезе на „Театарот на соништата“.

Хенрик Микитаријан пак истакна дека отсекогаш сакал да игра во дресот на Арсенал и дека по овој трансфер му се исполниле соништата.

„Пресреќен сум што се договоривме. Ми се оствари сонот затоа што отсекогаш сакав да играм за Арсенал. Сега кога сум овде, ќе сторам се за да креирам историја со овој клуб“- коментираше Микитаријан по официјалното претставување.