Франција прв патник во полуфиналето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Франција ја совлада Србија со високи 39:30 и со тоа си обезбеди место во полуфиналето на континенталниот собир во Хрватска.

„Триколорите“ до крајот имаат уште еден натпревар против домашната репрезентација на Хрватска и од тој натпревар ќе зависи кој ќе оди во разигрувањето како првопласиран.

Засега Франција ја има првата позиција со осум поени, два повеќе од Хрватска. На третото место се наоѓа Норвешка, додека четврта е Шведска со четири поени.

Што се однесува до натпреварот со Србија, Сошето и Лука Карабатиќ беа најпрецизни кај Французите со по седум голови, а исто толку постигна и Зеленовиќ на спротивната страна.