Стоилов: Ќе се бориме од самиот почеток, ова за нас е финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија вечерва игра против Чешка и ќе бара победа за да ги зголеми шансите за пласман во полуфинале, а пред натпревар изјава за медиумите даде Стоилов.

„Ќе биде многу тежок натпревар против Чешка. Во тимот имаме искусни играчи и ќе се обидеме да стигнеме до победа против Чешка. Овој натпревар е финале за нас и мора да се бориме од самиот почеток затоа што само така може да ги задржиме шансите за пласман во полуфинале“, вели Стоилов.

Натпревар се игра од 20:30 во Вараждин.