Вардар се комплетира: Фелипе конечно се приклучи во Анталија

0

Бразилскиот интернационалец во дресот на Вардар, Хуан Фелипе се приклучи на подготовките на тимот во турскиот центар Анталија.

Фелипе сосема заслужено доби нешто подолг одмор затоа што беше дел од сите натпревари на клубот во првиот дел од сезоната. Бразилецот вчера пристигна во хотелскиот комплекс „Каја Палацо“, а денеска се приклучи на тренинзите на тимот.

„Добро се одморив од напорниот есенски дел, и сега важно е јас, како и целиот тим добро да се подготвиме за вториот дел од сезоната. Нашите цели и амбиции се познати од порано, а тоа се атак на два фронта и се надевам дека ќе успееме во оваа сезона која за нас е историска со играњето во групната фаза од Лигата на Европа. Сега останува само низ тренинзите тука во Анталија и низ пријателските натпревари, подготвени да го дочекаме стартот на пролетниот дел од сезоната. Посакувам сите да бидеме здрави и подготвени за натпреварите од првенството и од Купот“-изјави Фелипе.

Вардарци сега се комплетни, а во следните неколку денови се очекува во Анталија да пристигне уште некој фудбалер кој би бил можно засилување за тимот во пресрет на втората полусезона.

Share.