Математиката е едноставна: Македонија може да стигне до…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Можеби на никого во моментов не му е дојдено до математика поради изгубената шанса за пласман во полуфинале на Македонија, но таа сеуште постои и вели дека може да стигнеме до петто место.

Што треба да се случи?

Епа значи вака. Најпрво треба Маестро Вујо и неговата Словенија да успеат да ја победат Чешка, која ни ги уништи соништата и ни го „зема“ пласманот во полуфинале на ЕП во Хрватска.

Откако ќе се случи тоа(ако се случи секако), треба да се молиме и да се надевам дека Шпанија и Германија ќе одиграат нерешено, а целото ова сценарио и оваа математика изгледа неверојатно и најверојатно е невозможна, но никогаш не се знае.

И најважно од се…

Доколку било што од ова сакаме да се оствари, тогаш треба и ние да ја победиме Данска, која веќе е пласирана во полуфинале, а тоа нема да биде ниту малку едноставно.