Македонија доживеа уште еден дебакл: Овој пат не декласираше Данска!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И последната надеж за можноста да стигнеме до подобар пласман пропадна, откако бевме декласирани од репрезентацијата на Данска.

Натпреварот го започнавме добро и некако се одржувавме во живот во првиот дел, кој заврши 12:12, но во вториот дел ни се случи целосен пад во играта.

Голем шок доживеавме во почетокот на вториот дел откако Данците заиграа многу подобро и направија голема разлика, која ја зголемуваа до самиот финиш на играта и на крајот стигнаа до победа од 31:20 и со тоа го обезбедија првото место во групата.