Талентот на Манчестер Јунајтед оди на заем во Астон Вила


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најголемите таленти кој потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе оваа зима би можел да се пресели во редовите на Астон Вила.

Медиумите од Островот пренесуваат дека Стив Брус е заинтересиран да го донесе фудбалерот кој годинава има само три настапи за првиот тим на „ѓаволите“. Наводно Брус го убедил Мурињо да му го отстапи Туанзебе на шест месеци ветувајќи му стандардно место во првиот тим.

Договорот за 20 годишниот играч кој може да игра на стоперските позиции, на десната бековска позиција и како последен играч за врска треба да се комплетира во следниве денови.