Арсенал купува талент од Бразил


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Арсенал се заинтересирани за играчот од средината на теренот на Коринтијанс, Мајкон.

Менаџерот на „топчиите“ е во потрага по играч од средниот ред кој би требало да претставува резервна опција за Вилшер и Џака, а изборот паднал токму на талентираниот бразилски фудбалер. Скаути на Арсенал веќе неколку пати биле во Бразил за да ги следат настапите на Мајкон и биле воодушевени од неговите игри.

Коринтијанс за него ќе бара девет милиони фунти, сума која од Арсенал се согласиле да ја платат. Трансферот се очекува да се реализира во текот на оваа недела.