Ливерпул не се откажува од Лемар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул не се откажуваат од францускиот репрезентативец, Томас Лемар и покрај фактот што тој е далеку од формата која ја прикажуваше минатата сезона.

Офанзивниот играч за врска се поврзува со трансфер на „Енфилд“ како замена за Кутињо, а Клоп за неговите услуги е подготвен да издвои 90 милиони фунти.

„ЛиверпулЕхо“ пишува дека постои веројатност трансферот да се реализира до крајот на овој преоден рок.

Во последниот ден од летниот преоден рок Лемар ја одби понудата на Арсенал со цел да остане во редовите на Монако, дали ќе биде така и зимава останува да видиме.