Крафорд нов кошаркар на МЗТ Скопје


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џордон Крафорд е нов играч на МЗТ Скопје откако денес беа завршени и последните формалности околу потписот на договорот кој е потпишан до крајот на сезоната.

Се работи за играч кој настапува на плејмејкерската позиција и во МЗТ доаѓа на барање на тренерот Жељко Лукајиќ. Крафорд треба да претставува замена за Никола Павличевиќ кој си замина пред одреден период.

Американецот доаѓа од НБА ЏИ лигата каде што настапуваше за тимот на Мемфис Хасл и каде имаше двоцифрен поентерски учинок. Ова е второ европско искуство за него откако претходно ги бранеше боите на Мапфри Лајф од Северен Кипар, каде што во просек имаше по 26.8 поени по натпревар.

Крафорд нема да има право да игра на натпреварите од АБА Лигата, но затоа ќе биде од исклучително значење за Лукајиќ во намерата МЗТ да ги освои Купот и првенството.