Мурињо: Роналдо му припаѓа на…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед зборуваше за Реал Мадрид и кажа дека не би било убаво да ја „загрева“ работата за Кристијано Роналдо поради тоа што Реал Мадрид се наоѓа во тешка ситуација.

Медиумите повторно пишуваат дека Роналдо е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но Мурињо вели дека такво нешто нема да се случи.

„Јас не треба да зборувам за целата ситуација во Реал Мадрид. Не треба ни да зборувам ништо за Кристијано Роналдо затоа што тоа е играч кој сите го сакаат, но само еден тренер и еден клуб го имаат, а тоа се Зинедин Зидан и Реал Мадрид“, изјави Португалецот.