Федерер: Ова е вистинска бајка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роџер Федерер денес ја освои својата јубилејна 20та Гренд Слем титула откако во финалето на Австралија Опен со 3:2 го совлада  Марин Чилиќ.

Швајцарскиот тенисер одигра фантастичен турнир во Австралија и полесно од очекувањата стигна до нова Гренд Слем титула. Феноменалниот тенисер и на овој турнир покажа и докажа дека годините за него се само број.

„Ова е вистинска бајка за мене и мојот тим продолжува. По одличната ланска година која ја имав ова е неверојатно. Сакам да му се заблагодарам на Марин за прекрасниот турнир и честитки што стана трет тенисер на светот, само продолжи така. Секогаш уживам во Австралија и ви благодарам на големата поддршка“- коментираше Федерер на завршниот говор по доделувањето на трофејот.