Меси со фантастичен гол донесе победа за Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона ја продолжи победничката серија во Примера дивизион, иако каталонскиот гигант вечерва многу потешко од очекувањата стигна до цел плен во пресметката со Алавес (2-1). Во главна улога сепак беше Лионел Меси, кој го прослави својот јубилеен 200. меч на „Камп ноу“ во шпанското првенство постигнувајќи прекрасен погодок од слободен удар.

Гостите долго време имаа предност од 0-1, за во последните дваесет минути Барса да го сврти резултатот во своја полза. На 1-1 израмни Суарез иако повторените снимки покажаа дека Пике игра со рака со топката на нејзиниот пат до мрежата. И вториот гол на Барселона е постигнат по судиска грешка, бидејќи слободниот удар што Меси го реализираше беше направен врз Алкасер, кој само неколку секунди претходно се наоѓаше во офсајд.

Сепак, тоа не му пречеше на Аргентинецот на својот 200. меч како домаќин во Примера да стигне до бројката од 212 погодоци.