Обамејанг се прости од „Милионерите“, пристигнува во Лондон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сагата околу најдобриот напаѓач на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг е блиску до крајот затоа што Габонецот треба да премине во Арсенал за 60 милиони евра.

Такво сценарио потврди и спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Корк.

„Арсенал досега испрати неколку понуди, но ние ги одбивавме. Сега сме подготвени да го реализираме трансферот, но под јасни услови“, вели Корк.

„Топчиите“ од стартот на преодниот рок се заинтересирани за овој фудбалер, но понудите кои ги испратија досега не беа доволни. Арсенал нудел околу 50 милиони евра, а Дортмунд сака 60 милиони.

Обамејанг во Дортмунд пристигна во 2013 година и од тогаш на 213 натпревари постигна 141 гол и 36 асистенции.