Нејмар: Продавањето на Мура не е фер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најскапиот фудбалер на денешницата, Нејмар по натпреварот ПСЖ-Рен го искажа своето незадоволство што од клубот дозволија Лукас Мура да се приклучи на Тотенхем.

„Тажен сум затоа што тој ми е добар пријател и е квалитетен фудбалер кој ретко беше користен. Мислам дека е многу нефер. Му посакувам многу среќа, која и да  е неговата следна дестинација. Се надевам ќе постигнува многу голови и ќе се врати во националниот тим на Бразил“-коментираше Нејмар.

Бразилецот потоа додаде дека Мура можел да биде користен многу повеќе отколку што добиваше шанса од Унаи Емери и потенцираше дека доколку тој се прашувал никогаш немало да го продаде брзоногиот крилен фудбалер.