Официјално: Лајпциг ангажираше засилување од Премиер лига!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бундеслигашот Ред Бул Лајпциг направи еден интересен трансфер на крајот на преодниот рок.

Тие продолжија и оваа зима со својата интересна политика(ангажирање на млади фудбалери) и во своите редови го донесоа Адемола Лукман од премиерлигашот Евертон.

Младиот англиски репрезентативец доаѓа во Лајпциг на позајмица до крајот на сезоната, откако во првиот дел од сезоната, за „Карамелите“ одигра седум натпревари во Премиер Лигата и шест настапи во Лига Европа.