Тенискиот свет е во шок: Ѓоковиќ се појави со рака во гипс, следува ли подолга пауза?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На друштвената мрежа Твитер се појави фотографија на Новак Ѓоковиќ со една девојка, на која јасно се гледа дека неговата рака е во гипс.

Поранешниот најдобар тенисер има завој околу десната рака, па не може да се види за што точно станува збор.

Ѓоковиќ на Австралија Опен се врати по шест месечна пауза, но не успеа да оздрави целосно и сега најверојатно го очекува подолга пауза.

Српскиот тенисер во понеделникот на најновата АТП листа напредуваше за една позиција и во моментов е 13 тенисер во светот со 2470 бодови.