Убедлива победа на Вардар на гостувањето во Прешов


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Вардар остана непобедлив во СЕХА лигата и по 13. коло откако во Прешов го совлада домашниот тим на Татран со 30:22. Вардарци се вратија на победите по ремито против Мешков Брест во претходното коло.

„Црвено црните“ имаа контрола на играта во текот на целиот натпревар, а во првото полувреме кај нашиот состав најмногу се истакнаа Циндриќ и Дибиров. Кај домаќините одличен беше Хрстка, но тој немаше помош од неговите соиграчи, посебно не од голманот Чуприна. Сепак, по влегувањето на Цвитковиќ работите тргнаа на подобро за Татран и на пауза се замина само со еден гол позитива за Вардар.

Избраниците на Раул Гонзалез го отворија второто полувреме многу подобро и го сведоа натпреварот кон мирен финиш.

Тимур Дибиров беше одличен со девет погодоци, додека на голот се истакна Страхиња Милиќ кој собра 12 интервенции. Кај домаќините одличен беше Јакуб Хрстка кој натпреварот го заврши со осум постигнати погодоци.