Ѓоковиќ поради операцијата ќе падне на 278 место на АТП листата?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот прв тенисер во светот и освојувач на 12 гренслем титули прво имаше големи проблеми со наоѓање на формата, а во последно време и со повреда на лактот.

Новак немаше играно од Вимблдон минатата година до Австралија Опен оваа, но ниту во Мелбурн не импресионираше откако во осмина финалето испадна од Чунг. За да биде уште поголем проблемот, тој повторно почуствува болки во лактот и мораше да оди на операција.

Засега нема сигурни информации колку ќе отсуствува, но се верува дека паузата ќе биде од три до шест месеци. Па во најлош случај Ноле би требало да се врати по Вимблдон, а тоа значи дека ќе започне да купи бодови од турнирите на кои нема да настапи и ќе има пласман од 276 и 278 место на АТП листата.