Металург на младински погон славеше против Војводина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Металург славеше вредна победа на домашен терен против Војводина (30:26) во рамките од регионалната СЕХА Лига.

Со оваа победа металурзите се искачија на петтата позиција на табелата, додека Војводина остана на дното.

Избраниците на Јовиќ имаа неверојатен старт и по првите 20тина минути имаа предност од 13:4.

Халил Јагањац имаше одлична ноќ постигнувајќи осум голови од десет обиди од кои дури шест дојдоа во првото полувреме.  Покрај Јагањац одличен на голот беше и Томовски кој во првиот дел блескаше меѓу стативите.

На полувреме се замина со предност на Металург од 21:9, додека во вториот дел нашиот претставник се опушти па на крајот славеше со „само“ четири погодоци предност.

„И покрај лошата ситуација ние се справуваме со неа, играчите даваат се од себе на секој тренинг, а тоа беше видливо на теренот денес. Одигравме одлично прво полувреме, но во вториот дел малку забавивме“- коментираше после средбата Александар Јовиќ.