Марез го продолжува штрајкот: Не сака да игра повеќе за Лестер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алжирскиот фудбалер Ријад Марез сеуште не се појавува на тренинзите на Лестер откако не премина во Манчестер Сити.

Последниот ден во јануарскиот преоден рок го одбележа приказната дека Марез ќе се пресели во Сити, но тоа не се случи, откако Лестер одби да го пушти од нивните редови.

Овој потег го разочара Марез, кој по трет пат доби нож во грб од управата и на крајот одлучи да престане да тренира.

Во наредното коло Лестер гостува токму кај Манчестер Сити, а скоро сигурно е дека во тимот нема да биде Марез.