Јувентус му е во срцето, тој никогаш не би играл за друг клуб во Серија А!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Клаудио Маркизио зборуваше за моменталната состојба во тимот на „старата дама“ и кажа дека тие добро соработуваат.

„Единствена работа, која ќе ја кажам за иднината е дека сум добро и сакам да им помогнам на соиграчите. Само за тоа размислувам“, вели тој.

„И понатаму имам долг договор со Јувентус и среќен сум тука. Знам дека никогаш не би играл за друга екипа од Серија А“, додава Маркизио.

„Не сум играл долго и морам да ја вратам самодовербата на теренот, но тренерот знае дека му стојам на располагање во секој момент“, завршува играчот на Јувентус.