Евра се враќа во Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ од редовите на Вест Хем се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат Патрис Евра.

Поранешниот бек на Манчестер Јунајтед  беше отпуштен од Марсеј пред четири месеци по инцидентот што го имаше со еден од фановите пред натпреварот од Лигата на Европа против Виториа. Тогаш Евра доби и забрана за европски натпревари оваа сезона и веднаш беше избркан од францускиот клуб.

Од тогаш Французинот редовно поставува видеа на социјалните медиуми како го одржува својот фитнес.