Шчесни: Буфон е голем лидер и неверојатен голман!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Војчек Шчесни верува дека Џанлуиџи Буфон е неверојатен и смета дека тој е легендарен голман.

Вториот голман на Јувентус зборуваше за ВАР-системот, кој се почесто се користи во италијанското првенство, а кажа и неколку зборови за неговиот колега.

„Мислам дека ВАР е многу важна работа за иднината на фудбалот. Мора да биде унапреден, но е големо достигнување затоа што им помага на сите“

„Буфон? Мојот прв ден со него беше неверојатен. Јас стигнав тука и мислев дека тоа е последена негова година. Си реков на себеси дека ова е искуство кое еднаш се случува во животот“

„Очекував Буфон да биде одличен голман, но човекот е едноставно неверојатен. Голем лидер во обичниот живот и пријател со сите“, вели Шчесни.