Манчестер Јунајтед ќе бара 115 милиони фунти за Де Геа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед се подготвуваат за нов „напад“ од Реал Мадрид за услугите на Давид Де Геа.

„Црвените ѓаволи“ затоа поставија цена од 115 милиони фунти која „Кралевите“ ќе мора да ја платат доколку го сакаат во своите редови.

Перез и Реал Мадрид го следат шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата долго време, а во 2015 година неговиот трансфер пропадна во последните моменти од трансфер периодот поради административна грешка.

„Кралевите“ не се откажуваат од намерата да го донесат Де Геа во своите редови, но за да го сторат тоа ќе мора да го „одврзат ќесето“ и да платат 115 милиони фунти и покрај тоа што договорот на Шпанецот ќе истекува следната сезона.

Доколку пак Де Геа се одлучи да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, тогаш „ѓаволите“ со сигурност ќе бараат многу повеќе од 115 милиони фунти.