Сидорф: Зидан е вистинска инспирација за тренерите кои се почетници!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Депортиво Ла Коруња, Кларенс Сидорф го пофали тренерот на Реал Мадрид.

Сидорф е на самиот почеток на кариерата и може да се каже дека учи од Зидан, кој веќе има освоено две титули во ЛШ и една Примера.

„Зидан е фантастичен пример и инспирација за почетниците. Тој најверојатно имаше и малку искуство кога го превзема Реал, отколку што имам јас. Но неговиот карактер и разбирање на играта беа клуч за успехот“, вели Сидорф.