Левандовски сонува да игра за Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играњето за Реал Мадрид е стара желба на Роберт Левандовски.

Поминаа многу години, но помислата за успехот во Реал како „Галактикос“ е нешто што сеуште го замислува.

Тоа е идеја која останува во главата, а тој верува дека пазарот ќе му ја даде таа можност во лето.

Баерн Минхен одлучно ја затвори вратата за секој кој не сака да продолжи со нив, барем така кажа Румениге, но агентот на Левандовски може да се договори со „кралевите“.

Роберт Левандовски има 29 години и остана страшен напаѓач, како што покажуваат неговите 18 голови во Бундеслигата оваа сезона, плус уште седум во купот и ЛШ.