Алексис Санчез ја призна вината, па доби казна од 16 месеци затвор!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чилеанецот призна дека е виновен, па тргна по стапките на Меси и Маскерано.

Секако, тој како и поранешните негови соиграчи, нема да завршат во затвор, ако не го повторат истиот прекршок, се договори за условна казна, а кажа дека е виновен за избегнување на данок од еден милион евра.

Покрај казната, ќе мора да ги врати парите со камати и да плати дополнителна парична казна, но на Чилеанецот тоа му е единствено решение.

Меси доби 21 месец затвор, а плати 250.000 евра за условна казна, плус парите кои ги должеше.

Маскерано беше осуден на 12 месеци затвор, а плати 800.000 евра за да избегне затвор.