Победа се засили и со Колевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прилепскиот прволигаш не престанува со засилувањата во зимската првенствена пауза. Повратник во тимот на Победа е левиот централен дефанзивец, Валентин Колевски кој доаѓа од редовите на Новаци.

27 годишниот Колевски беше стандарден член на Победа во сезоната 2015-16 кога тимот ја освои титулата во Втората македонска фудбалска лига, додека во сезоната 2016-17 настапил на 13 натпревари за тимот во ПМФЛ.

Колевски во својата кариера покрај за Победа и Новаци играл и за 11 Октомври, Локомотива и Напредок.