Јуве славеше во Фиренца и барем до утре ќе биде на врвот во Серија А

0

Во дербито на 24. коло во Серија А, Јувентус славеше на гостувањето кај Фиорентина со 2:0.

Јувентус ја продолжи одличната низа победи иако во Фиренца не брилираше.  Најитнересен момент во првиот дел беше досудениот, а потоа поништен пенал за Фиорентина. Киелини ја погоди топката со рака, но подоцна судијата одлучи да го поништи пеналот зошто сметаше дека Бенаси пред тоа бил во офсајд.

Првиот гол на натпреварот го постигна поранешниот играч на Фиорентина, Бернардески кој во 56. минута погоди од слободен удар. Во 86. минута Игуаин ја потврди победата погодувајќи за конечни 2:0.

Сега Јувентус со 62 бода е на првото место, но има натпревар повеќе од Наполи кој утре игра дерби средба со Лацио.

Advertisements
Share.