Виљареал изненадувачки поразен од Алавес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Виљареал претрпе изненадувачки пораз од 2:1 на домашен терен од тимот на Алавес.

Домашниот тим беше голем фаворит на оваа средба, но тоа не го потврдија на теренот на „Естадио де серамика“. Гостите стигнаа први до водство со голот на Родриго Ели уште во првиот дел.

Ибаи Гомез донесе сигурна предност од 2:0 во 71. минута, а Карлос Бака само го ублажи поразот шест минути подоцна.