Гризман во првата минута погоди за победа на Атлетико!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид очекувано победија како гости против Малага со 0-1 во средбата од 23 коло.

Тимот на Симеоне влезе во натпреварот како голем фаворит и на крајот заслужено стигна до трите бодови.

Прашањето за победникот беше решено по 40 секунди игра. Гризман погоди за предност на гостите  од 0-1 и тој резултат остана до крајот.

Со оваа победа Атлетико е на второ место со шест бодови помалку од Барселона.