Шок за Барса, им заминува клучниот играч оваа сезона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија, неколку клубови од  Премиер лигата се сериозно заинтересирани за услугите на Самуел Умтити од редовите на Барселона.

Барселона има проблем затоа што во договорот на францускиот репрезентативец има „мала“ откупна клаузула од 60 милиони евра. Оваа сума на пари се подготвени да ја платат од редовите на Челси и Манчестер Сити.

Клубовите од Премиер лигата ќе му понудат на Умтити плата од девет милиони евра по сезона што значи дека стоперот би заработувал дури три пати повеќе отколку што во моментов заработува во Барселона.