Барселона денес го повтори црното полувреме  од 2012 година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона и Гетафе одиграа 0-0 во рамките на 23 коло од Ла Лига во Каталонија.

Не само што Барселона не успеа да постигне ниту еден гол во целиот натпревар, туку тие немаа ниту удар во рамки на голот на Гетафе во првите 45 минути.

Статистичарите брзо најдоа податок кога и против кого тоа им се случило последен пат на „Ноу Камп“.

Од тогаш поминале скоро шест години, а тогаш Барселона на 21 април 2012 година го завршила полувремето без удар во рамки на голот на мечот против Реал Мадрид.