Во минатото сите се бореа за неговиот потпис, а сега никој не сака да го погледне!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џексон Мартинез пред два денови го допре дното. Некогаш сите се бореа за него, а денес и покрај тоа што руши рекорди за заработка, сепак не игра на терените.

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата затоа што многу гиганти беа заинтересирани за него, но тој замина во Кина.

Следеше тешка повреда и лоши моменти за Мартинез, па така малку по малку ја прескокна цела година без одигран натпревар. Тоа не е се, Канаваро повеќе не смета на него оваа сезона затоа што не го пријави за првенството.

Досега има одиграно 16 натпревари за Гвангжу, даде четири голови и за тоа заработи 25 милиони евра.