„Го одбив Тотенхем, зашто знаев дека ми е судено да останам во Италија“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во вторник Јувентус игра против Тотенхем на првиот натпревар од осмина финалето во ЛШ. Пред тој меч играчот на Јуве, Пјаниќ зборуваше за медиумите за останувањето во Италија.

Миралем Пјаниќ во Јувентус е веќе сезона ипол и е дел од првиот тим на тренерот Алегри. Тој пред четири години добил понуда да премине во Тотенхем.

„Вистина е дека постоеше приказна дека ќе преминам во Тотенхем, но им реков дека сум среќен таму каде што бев и затоа се договоривме“, вели Пјаниќ.

Пјаниќ својот пат до Јувентус го изгради преку Лион и Рома, каде што играше во минатото.

Оваа сезона Јувентус и понатмау игра идеално, а уште немаат примено гол од почетокот на 2018 година.

„Тие се големи шампиони, но ние имаме натпреварувачки дух, гладни сме и сакаме да ја освоиме ЛШ“, додава тој.