Пјаниќ и Манџукиќ во конфликт поради аут (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус синоќа ремизираше во Торино против Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Шампионот на Италија пропушти предност од два гола, а згора на тоа имаше и еден нереализиран пенал. Нервозата беше јасно видлива меѓу фудбалерите на торинскиот клуб, па така поради еден обичен аут настана кавга меѓу балканците, Манџукиќ и Пјаниќ.

Хрватскиот напаѓач се обиде да изведе брз аут, но истото го сакаше и Пјаниќ. Босанецот го запре Манџукиќ во намерата тој да го изведе аутот, а на крајот топката ја остави за Алекс Сандро. Тоа го изнервира Хрватот кој бурно реагираше и ја другата топка која беше во неговите раце.

Сигурно е дека страстите во Торино ќе мора да се смират зошто пред нив е неверојатно важен реванш натпревар во Лондон, а им претстои и вистинска битка во трката за Скудетото со тимот на Наполи.