Игуаин „запука“ по навивачите: Лесно е да критикувате од дома!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гонзало Игуаин постигна два голови во ремито на Јувентус против Тотенхем.

Сепак, Аргентинецот можеше дополнително да се прослави затоа што имаше две 100% шанси да ја зголеми предноста. Еден пенал не искористи, а потоа и уште една голема шанса.

„Лесно е да зборувате по натпреварот од дома. До 2-0 беше идеално, но кога стигнаа до 2-2, тогаш почнавте да плукате по нас. Меѓутоа, не ме интересира кој што зборува“, вели Игуаин.

Аргентинецот оваа сезона има постигнато 20 голови.